четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заробените туристи со хеликоптери го напуштаат швајцарскиот ски-центар Зермат

Полицијата вчера ги затвори патиштата кои водат кон областа, а исто така ги откажа и возовите. Скијањето и планинарењето е забрането поради опасност од лавини. Исто така е „блокиран“ и пристапот до ски-патеките.
Заробените туристи со хеликоптери го напуштаат швајцарскиот ски-центар Зермат
epa06427093 Tourists wait in line at the heliport of Air Zermatt for a flight by airlift into the valley to Raron, in Zermatt, Switzerland, 09 January 2018. Due to heavy snowfall and rain showers, Zermatt can only be reached by air. Swiss authorities have closed ski slopes, hiking trails, cable cars, roads and train service into the town of Zermatt amid a heightened risk of avalanches, stranding some 13,000 tourists in the town. EPA-EFE/DOMINIC STEINMANN

Поради силната бура пропратена со силен ветер околу 13.000 туристи се „заробени“ во швајцарскиот ски-центар Зермат, а тие кои сакаат да го напуштат обезбедени се хеликоптери.

Локалните власти во исто време предупредуваат на опасност од „многу големи лавини“.

Полицијата вчера ги затвори патиштата кои водат кон областа, а исто така ги откажа и возовите. Скијањето и планинарењето е забрането поради опасност од лавини. Исто така е „блокиран“ и пристапот до ски-патеките.

 

Во областите над 1.500 метри надморска височина во Швајцарија во изминатиот период падна над еден метар снег, а Зермат е отсечен од вчера. Зимскиот центар, што се наоѓа во подножјето на врвот Матерхорн, и располага со над 13.000 легла.

Зермат се наоѓа на околу 120 километри источно од Женева. (МИА)