Германските возачи во иднина би можеле да бидат обврзани во своите автомобили да имаат две заштитни маски, пишува весникот „Сарбрикер Цајтунг“.
Според весникот, германското Министерство за сообраќај планира да воведе задолжително поседување на маски во возилата, дури и по завршувањето на пандемијата на Ковид-19.
Министерството потврди дека моментно се разгледува дали во новата уредба да се внесе задолжително поседување на две маски во возилата, како стандардна обврзна опрема, како што од пред неколку години се флуоресцентните елеци.
Доколку задолжителното поседување на заштитна маска стапи во сила со новата уредба, евентуалното прекршување ќе ги чини возачите 15 евра.