понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Застрелан началникот на крим-полицијата

Застрелан началникот на крим-полицијата

Началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа на Приједор, Раденко Башиќ, е убиен утрово во престрелка во Пеќани кај Приједор, јавуваат медиумите во регионот.

На местото на убиството на началникот Башиќ, во населбата Пеќани, се уште се води истрага. Ова место од утринава е под опсада на полициски службеници коишто ги контролираат минувачите и возачите.

Полицијата во Приjедор, Република Српска, соопшти дека утрово во 6.53 часот било пукано врз едно лице од огнено оружје, а човекот загинал.

Под надзор на тужител од Окружното јавно обвинителство во Приједор се преземаат мерки за утврдување на околностите за пријавата.

Во интерес на истрагата, полицијата го блокирала градот.