Францускиот енергетски гигант ЕДФ објави дека открил дефекти на цевките во безбедносниот систем на нуклеарната централа Сиво и дека ќе затвори уште еден погон бидејќи користи ист тип на реактор.
Најголемиот француски снабдувач со електрична енергија изјави дека открил дефекти во близина на заварени споеви на цевките во системот за вбризгување во два реактори на електраната Сиво во западна Франција. Дел од локалите медиуми јавија повикувајќи се на извори дека дефектите се поврзани со корозија.
Инцидентот е откриен во време кога Франција најавува голема програма за изградба на нуклеарни централи, за разлика од соседна Германија, која се повлече од нуклеарната енергија по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.