вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заврши ерата на евтини летови од по 10 евра на Рајанер

Заврши ерата на евтини летови од по 10 евра на Рајанер

Мајкл О’Лири главниот извршен директор на Рајанер изјави дека ерата на евтини карти од по 10 евра е завршена.

Овој нискотарифен авио превозник повеќе нема да биде летови по најниски цени поради растот на трошоците за гориво.

Просечната цена на картата на оваа авио-компанија ќе се зголеми за околу 50 евра во наредните пет години, вели О’Лири за Би-Би-Си, додавајќи дека верува дека луѓето ќе продолжат да летаат и покрај растот на трошоците.

-Нема сомнеж дека нискобуџетниот пазар, нашата навистина евтина промотивна цена од 9,99 евра нема да ја има во наредните неколку години, вели О’Лири.