По неколку часа заврши заложничката криза во трговски центар во Манила, каде поранешен вработен во обезбедувањето во заложништво држеше 30-тина случајни минувачи. Кризата заврши откако вооружениот напаѓач ги ослободи заложниците и ја напушти зградата, по што беше уапсен.
Филипинската полиција со часови беше распоредена околу трговскиот центар, каде напаѓачот утрово отвори оган, рани едно лице, а поголема група зеде за заложници.
Напаѓачот е поранешен работник на обезбедувањето на молот, кој бил незадоволен затоа што бил отуштен од работа.