вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заврши првиот круг од преговорите меѓу Мун и Ким

Заврши првиот круг од преговорите меѓу Мун и Ким

Лидерите на Јужна и Северна Кореја го завршија првиот круг од преговори во пограничното село Панмунџон во демилитаризираната зона.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин и севернокроејскиот лидер Ким Џонг-ун час и половина разговараа.

По првиот круг разговори Ким се врати во севернокорејскиот дел на Панмунџон со црн автомобил. Лидерите подоцна ќе учествуваат на церемонија на засадување бор што е симболизира мир на Корејскиот Полуостров.

Мун и Ким ќе ги продолжат разговорите во четири очи, пред да се вратат на масата за преговори. (МИА)