Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер го претстави новиот план за контрола и организација на миграцијата во Германија.
Зехофер рече дека главните цели во мигранцискиот мастер план се да се забрза депортацијата на луѓе кои живеат во Германија, а чии барања за азил се одбиени, оние кои се веќе регистрирани за азил во некои други европски земји или оние кои имаат криминално досие.
Тој наведе дека новиот план, исто така, предвидува сместување на сите баратели на азил во центри, пренесува АП.
Планот предвидува и барателите на азил кои претходно биле регистрирани во некоја друга земја на ЕУ, директно да бидат вратени во земјата каде што за прв пат влегле во ЕУ, најмногу во Грција и Италија.