понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

Чешкото претседателство со ЕУ информираше дека министрите на ЕУ се усогласиле за укинување на визната либерализација за руските граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Европската Унија се согласи за целосна суспензија на договорот за визно олеснување со Русија“, соопшти Жозеп Борел пред малку на прес конференцијата по неформалниот Гимних во Прага, напиша чешкото претседателство на Твитер.

Министрите за надворешни работи денеска одржуваат неформален министерски совет во Прага, на дневен ред беше најавено дека ќе се дискутира за целосно укинувањето на слободното патување на руските граѓани во ЕУ.

Ова го бараа пред сѐ источните и балтичките земји, додека Германија и Франција се спротивставуваа.

Пред малку 27-те земји постигнале согласност сепак да се укине визната либерализација за руските граѓани во ЕУ.  (МИА)