сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес

Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес

Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје.

– Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје … да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа, изјави Зеленска.

Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија.

Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден.

САД од почетокот на руската инвазија на Украина и има доставено воена опрема од речиси седум милијарди долари.