Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прифати поканата на канадскиот премиер Џастин Трудо да се обрати пред канадскиот парламент, јави Укринформ, повикувајќи се на твит на канадскиот премиер.
– Го поканив претседателот Зеленски да се обрати во канадскиот Парламент. Канаѓаните се инспирирани од храброста и издржливоста на Украинците и лидерството што го покажа претседателот и знам дека тие се желни да слушнат директно од него, напиша Трудо на Твитер.
Претходно, канадскиот премиер во телефонски разговор со Зеленски ветил дека ќе испрати специјализирана воена опрема во Украина, вклучувајќи и камери за дронови. (МИА)