сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ги поздрави одлуките за тенковите, побара ракети и борбени авиони

Зеленски ги поздрави одлуките за тенковите, побара ракети и борбени авиони

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави одлуките на САД и Германија да испорачаат борбени тенкови на неговата земја.

Во своето секојдневно видео-обраќање, тој синоќа им се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц и на американскиот претседател Џо Бајден за нивните ветувања да ги зајакнат одбранбените сили на Украина со тешки тенкови.

-Благодарен сум на сите наши сојузници за нивната подготвеност да ни обезбедат модерни и многу потребни тенкови, рече Зеленски и додаде дека начинот на кој сите работат заедно за да ја зајакнат слободата, да ги бранат Украина и Европа е историско достигнување.

-Сега се формира тенковска тупаница. Тупаница на слобода чии удари нема да дозволат тиранијата повторно да застане, нагласи тој.

За таа цел, рече тој, важно е брзо да се обучат украинските тенковски екипажи и да се испорачаат борбените тенкови во Украина што е можно поскоро, пренесе ДПА.

Сепак, потребен е напредок и за други воени прашања, рече Зеленски. Пред сè, на неговата земја сега и требаат ракети со долг дострел, борбени авиони и повеќе артилерија.

-Ова е сон, ова е задача. Важна задача за сите нас, нагласи украинскиот претседател. (МИА)