сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ги предупреди граѓаните кои се враќаат во Херсон на мини

Зеленски ги предупреди граѓаните кои се враќаат во Херсон на мини

Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде предупредување до лицата кои се враќаат назад во ослободениот Херсон и други ослободени региони, да не влегуваат во подрачјата пред да бидат проверени од деминери.

– Уште еднаш ќе повторам за сите на деокупирано подрачје: Бидете многу внимателни! Русија сака да убива и откако побегна од нашата земја. Затоа мора да бидете многу внимателни, нагласи Зеленски.

Тој ги повика граѓаните да пријават сè што ќе им биде сомнително.

– Доколку зградата сè уште не е прегледана од деминери, немојте да влегувате во неа. Доколку патот сè уште не е проверен, ве молиме да го заобиколите, додаде претседателот на Украина.