петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски го смени командантот на силите на територијалната одбрана

Зеленски го смени командантот на силите на територијалната одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени командантот на силите за територијална одбрана без да ја наведе причината за одлуката, три месеци по почетокот на конфликтот во Украина, јави ДПА.

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Зеленски го назначил генерал-мајор Игор Танкура на местото на Јуриј Галушкин.

Министерството го опиша Танкура како искусен офицер кој претходно бил началник на Генералштабот на копнените сили на Украина, а сега ќе командува со силите што и помагаат на украинската армија во одбраната на земјата по руската инвазија.

Во него се наведува дека силите за територијална одбрана брзо ја зголемиле својата бројност откако биле основани, непосредно пред инвазијата и дека играле важна улога во војната со Русија

„Експлозивниот раст на структурата, особено во услови на интензивна борба, е огромно искуство, (со)грешки и достигнувања. Има успеси и, за жал, загуби“, се вели во соопштението на Министерството. (МИА)