понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група

Зеленски ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група

Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина, се наведува во декрет објавен на неговата веб страница.

Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција, јави Тасс.

Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како договорот од Минск.