Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН.
Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча.
На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев.
Русија категорично ги отфрли тие обвинувања, нарекувајќи ги „криминални провокации“ и најави дека ќе достави „конкретни докази“ до Советот за безбедност дека нејзините сили не биле вклучени во злосторствата врз цивилите.