сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Не загубивме позиции во контраофанзивата

Зеленски: Не загубивме позиции во контраофанзивата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска изјави дека украинските сили не изгубиле позиции во контраофанзивата против руските сили, додека непријателските сили претрпеле само загуби.

-Во некои сектори нашите сили се движат напред, во други ги браниме позициите и се спротивставуваме на нападите на окупаторите, кажа Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до Украинците.

„Ние не изгубивме позиции, туку ги ослободивме. А тие имаат само загуби. Генерално, ситуацијата е таква што создаваме притисок, што го отвора патот за нашето знаме“, рече украинскиот лидер.