понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски побара забрана на сите руски државни медиуми на територијата на ЕУ

Зеленски побара забрана на сите руски државни медиуми на територијата на ЕУ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја повика Европска Унија да ги забрани сите руски државни телевизиски канали и „пропагандисти“.

Зеленски,преку видеообраќање на Конференцијата Форум 2000, што се одржува во Прага, истакна дека „не треба ниту еден руски пропаганден радиодифузер да остане на територијата на ЕУ“.

– Не треба да се дозволи ниту еден руски државен телевизиски канал да работи на територијата на ЕУ, посочи Зеленски.