Украинскиот претседател Володомир Зеленски го информираше Папата Франциск за тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на хуманитарните коридори од страна на руските војници.
„Разговарав со папата Франциск. Му кажав на неговата Светост за тешката хуманитарна ситуација и блокирањето на спасувачките коридори од страна на руските војници. Посредничката улога на Светата столица во ставањето крај на човечкото страдање е добредојдена. Благодарам за молитвите за Украина и мир“, напиша Зеленски на Твитер. (МИА)