Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара денеска од романските пратеници да го зајакнат притисокот со санкциите врз Русија, предупредувајќи дека таа претставува закана за цела Источна Европа и регионот на Црното Море.
Обраќајќи се пред Парламентот во Букурешт преку видео врска, Зеленски истакна дека на Украина и е потребна дополнителна поддршка од странските сојузници, вклучително и оружје, за да им се спротивстави на руските сили.
– Украина не е последната мета на руската агресија. Судбината на Источна Европа и регионот на Црното Море во моментов се решава во Украина, нагласи Зеленски.