недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Руските удари нема да можат да ги скршат Украинците

Зеленски: Руските удари нема да можат да ги скршат Украинците

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска нагласи дека Русија извршила низа напади со беспилотни летала и ракетни врз неговата земја, но дека нападите нема да ги „скршат“ Украинците.

„Цела ноќ и цело утро, непријателот го тероризира цивилното население. Беспилотни летала и ракети камикази ја напаѓаат цела Украина. Непријателот може да ги нападне нашите градови, но нема да може да не скрши“, рече тој.