Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут.
– Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во најновата офанзива пред Киев да добие ново оружје.
– Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука … Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста, нагласи Зеленски.
Тој им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука. ј