Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека „координирал“ со новата британска премиерка Лиз Трас за „зголемување на притисокот“ врз Русија да ја запре инвазијата.
„Целта е да се запре нападот и да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Зеленски на Твитер.
Тој додаде дека тој е првиот странски лидер кој разговарал со Трас откако нејзината нова позиција била официјално потврдена. (МИА)