сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски, Трудо и Фриленд разговараа за ситуацијата во Запорожје: Загриженост од потенцијални катастрофални последици по здравјето и безбедноста на Украинците и Европејците

Зеленски, Трудо и Фриленд разговараа за ситуацијата во Запорожје: Загриженост од потенцијални катастрофални последици по здравјето и безбедноста на Украинците и Европејците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше за пожарот во нуклеарната централа Запорожје, предизвикан од руско гранатирање, со канадскиот премиер Џастин Трудо и со вицепремиерката Кристија Фриленд.

Информацијата ја соопшти кабинетот на канадскиот премиер, јави агенцијата Укринформ.

Според соопштението, Зеленски изразил голема загриженост од потенцијални катастрофални последици по здравјето и безбедноста на Украинците и Европејците доколку итно не дојде до прекин на огнот во близина на нуклеарната централа. Трудо апелирал Русија веднаш да ги запре сите напаси во регионот, како и да се обврзе дека ќе продолжи да комуницира со партнерите и сојузниците.

Во соопштението се наведува дека се разговарало и за тоа како Канада може да ѝ помогне на Украина во блиска иднина. Трудо ги поздравил Украинците за нивната решителност против нелегалната и неоправдана инвазија.