сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски во посета на линијата на фронтот во регионот на Доњецк

Зеленски во посета на линијата на фронтот во регионот на Доњецк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во својата дневна видео порака на „Телеграм“ објави дека е во посета на линијата на источниот фронт во регионот на Доњецк, пренесоа француските медиуми.

-Регионот на Доњецк. Ги посетуваме борбените бригади кои ја бранат Украина, кои се дел од тактичката оперативна група Доњецк, рече Зеленски во видеото на кое се гледа како се среќава со војниците.