Украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе има обраќање во американскиот Конгрес в среда, на 16 март.
Според американските медиуми, обраќањето ќе биде во 1 часот по Гринич, преку видео-врска.
„Конгресот останува непоколеблив во нашата посветеност да ја поддржиме Украина додека тие се соочуваат со суровата агресија на рускиот претседател Владимир Путин и да усвојат закони за изолирање на руската економија, како и доставување хуманитарна, безбедносна и економска помош за Украина“. Тоа се наведува во објавата за говорот од спикерот Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.