понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеленски: Вративме повеќе од 1.000 квадратни километри од окупирана територија

Зеленски: Вративме повеќе од 1.000 квадратни километри од окупирана територија

Освоивме повеќе од 1.000 квадратни километри територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Нашите херои веќе ослободија десетици населени места. И денеска продолжи напредувањето, има нови резултати. Од 1 септември вкупно се ослободени повеќе од илјада квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Тој потврди дека Украина ќе добие 675 милиони долари воена помош од САД и една милијарда долари од пакетот составен од голем број европски земји.

– Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае врз силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор, рече тој. (МИА)