петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со Кашоги

Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со Кашоги

Чешкиот претседател Милош Земан ги навреди новинарите со непријатна шега во врска со саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој е убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

– Ги сакам новинарите и можеби ќе ги повикам на вечера во саудискиот Конзулат, рече Земан.

Не е првпат тој да упати навредливи изјави кон новинарите. Во една прилика, на состанок со рускиот претседател Владимир Путин се пошегува дека има премногу присутни новинари и дека треба „да се ликвидираат“.

МИА