понеделник, 22. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес од 6 по Рихтер погоди реон околу главниот град на Перу

Земјотрес од 6 по Рихтер погоди реон околу главниот град на Перу

Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди главниот град на Перу и други делови на перуанскиот брег. Епицентарот бил на сто километри од Лима.

Многу жители на главниот град ги напуштија своите домови исплашени поради земјотресот регистриран во 21.54 часот по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.