сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жена оставила порака на гробот на родителите на Путин, еве колку години затвор и се закануваат

Жена оставила порака на гробот на родителите на Путин, еве колку години затвор и се закануваат

Ирина Цинбанева (60) наводно оставила порака на гробот на родителите на рускиот претседател, Владимир Путин во која посакала тој да умре, пренесе „Sky News“.

Цинбанева беше уапсена во понеделникот во нејзиниот дом во Санкт Петербург и таа е обвинета за „сквернавење на телата на мртвите и нивните гробови“, пишува „Москва тајмс“.

Точната содржина на пораката оставена на гробот на Марија Путина и Владимир Путин постариот не е позната, но пораката наводно била оставена на нивниот гроб ден пред 70-тиот роденден на рускиот претседател

„Таа оставила порака со навредлив натпис упатена до претседателот на Руската Федерација, со што го сквернави гробното место“, стои во соопштението на судската служба на Санкт Петербург.

Цинбанева ќе биде задржана во полиција до петок, а доколку биде прогласена за виновна, може да се соочи со затворска казна до 5 години.