недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жена убиена во напад со нож во Шведска, медиумите пишуваат дека напаѓачот е неонацист

Жена убиена во напад со нож во Шведска, медиумите пишуваат дека напаѓачот е неонацист

Во шведскиот град Визби на островот Готланд вчера во напад со нож е убиена жена, за време на одржувањето на „Амалдален Неделата“, политички настан што традиционално секоја година се одржува во тоа место.

Полицијата уапсила 33-годишен маж, додека нападнатата жена била префрлана во болница каде им подлегнала на повредите.

Полицијата ги утврдува мотивите за инцидентот. Според првичните информации, лицето што го извршило нападот нема полициско досие. Во тек е прелиминарна истрага по убиството. Весникот „Афтонбладет“ го поврзува напаѓачот со неонацистички активности.