понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Жестока казна за монструмот: Силувал и запалил жена, таа се спаси, а тој умре во најголема болка

Жестока казна за монструмот: Силувал и запалил жена, таа се спаси, а тој умре во најголема болка

Индиец кој што најпрвин силувал, а потоа и запалил жена, доживеал морничава смрт откако неговата жртва успеала да му се одмазди.

35-годишната жена се здобила со изгореници на лицето и рацете, но 42-годишниот монструм им подлегнал на повредите во болница.

Оваа вдовица раскажала дека напаѓачот ја силувал во нејзиниот дом во Калкута, откако останала сама во нејзиниот дом.

-Тој потоа ја полеал со керозин и ја запалил, открил еден полицаец за локалните медиуми.

Таа успеала да го повлече кон себе, па пламенот го зафатил и напаѓачот, а од изгорениците тој потоа починал, а таа се опоравила.

Во последните неколку години во Индија порасна бројот на силувања и насилство над жените, па дури и убиства, што доведе до бројни протести. Неефикасното правосудство и полиција најмногу ги изневеруваат жртвите, велат експертите.