Еден маж во Боцвана влетал во куќа со приватниот авион „Кинг ер“, со кој сакал да ја убие својата сопруга после нивната расправија, јавува порталот „Ајвитнес њуз“.
Според наводите на медиумите, расправијата меѓу сопружниците се случила на забавата во чест на идното дете. Како што наведуваат изворите, мажот бил груб спрема својата жена, за потоа гостите да го замолат да ја напушти прославата.
После заминувањето мажот го повикал својот пријател за да дознае каде точно се наоѓа неговата жена.
Сомневајќи се дека нешто не е во ред, пријателот ги замолил сите гости да ја напуштат куќата и после некое време во куќата влетал авион.
Порталот додава дека во несреќата починал само пилотот, а сите останати преживеале благодарејќи на евакуацијата.
Botswana; Pilot killing himself over a women. Flying his plane into structure killing himself. pic.twitter.com/OUAEW8nsYI
— Thinus (@SchoemanThinus) March 24, 2019