Регионот Ил де Франс ја проучува можноста за покачување на цената на единечниот билет за метро на 2,30 евра во 2023 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Моментално билетот се продава за 1,90 евра, а на 1 јануари 2023 година ќе чини 2,30 евра, што претставува зголемување од 21 отсто.
Како што јавија француските медиуми, Ил де Франс го разгледува ова зголемување на цената за да ги надомести оперативните трошоци предизвикани од инфлацијата и енергетската криза. Оваа промена на тарифите треба да донесе околу 500 милиони евра, додека на транспортниот управител на Ил-де-Франс му недостигаат 950 милиони за да го заврши својот привремен буџет за 2023 година.
За да се избегне сè да биде на грбот на корисниците, претседателката на регионот, Валери Пекресе, повикува на зголемување на придонесот на компаниите кои плаќаат половина од превозот во Ил де Франс. Овој предлог беше отфрлен од сенаторите и од извршната власт.
Покрај тоа, регионот Ил-де-Франс, исто така, планира зголемување на претплатата Навиго од 75 на 90 евра месечно. (МИА)