Лим Ба себеси се претставуваше како видовит човек, па се обидел да направи бизарен тест за физичка издржливост.
Имено, тој е ставен во голем експресен лонец кој претходно бил загреан во врела вода, но тоа не заврши добро.
Овој слчај од 2017-та година ги потресе сите.
Тој тврдел дека ваков експеримент веќе има направено, а посочил и дека еднаш издржал 75 минути.
Кога влегол во лонецот за да го изведе бизарниот инцидент, околу него седеле неговите следбеници.
Наеднаш слушнале силни повици за помош и тропање од внатрешната страна на лонецот.
Кога го извлекле од таму, бил без свест, со страшни изгореници по целото тело.
Веднаш бил однесен во болница, а таму е само констатирана смрт. Докторите како причина за смртта наведуваат срцев удар.