среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адел Абдул Махди предложен за премиер на Ирак

Адел Абдул Махди предложен за премиер на Ирак

Новоизбраниот ирачки претседател Бархам Салих го предложи поранешниот потпретседател Адел Абдул Махди за мандатар за состав на идната влада.

Независниот шиит Махди подолг период беше член на раководството на проиранска партија, а исто така е поддржан и од САД. Освен потпретседател тој беше и министер за нафта и министер за финансии.

Махди има рок од 30 дена да го претстави пред Парламентот новиот состав на кабинетот.

Ирачкиот Парламент синоќа го избра Бархам Салих за нов претседател на Ирак.

На парламентарната седница, „за“ изборот на Салих гласаа 220 од вкупно 273-цата присутни пратеници. Ирачкиот Парламенет има 329 пратеници.

Салих, кој е член на Патриотската унија на Курдистан, беше ирачки вице-премиер од јуни 2004 до мај 2005 и од мај 2006 до август 2009 година, како и премиер на автономниот регион Ирачки Курдистан од октомври 2009 до април 2012 година.

Во септември 2017 година Салих ја напушти Патриотската унија на Курдистан поради несогласување со партискиот лидер Џалал Талабани и ја формираше опозициската партија Коалиција за демократија и правда. Меѓутоа, по смртта на Талабани, Салих годинава се врати во редовите на Патриотската унија на Курдистан.

МИА