петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Игор Карачиќ на чекор да прослави убав јубилеј против Брест Мешков

Игор Карачиќ на чекор да прослави убав јубилеј против Брест Мешков

Игор Карачиќ ја игра својата седма сезона во Вардар дрес и до ден денес со успех го носи црвено-црниот дрес. Карачиќ потпишува на 19 вефруари 2012 година, тогаш со РК Вардар ПРО. Веселин Вујовиќ кој во таа сезона беше на кормилото на црвено-црните решава да го донесе овој млад играч од екипата на Босна кој во тој момент е анонимен за Вардар и Македонската ракометна јавност.

Следниот меч во Лигата на Шампионите против Брест Мешков може да биде “јубилејен„ за Карачиќ кој го брка својот 300-стоти гол во дресот на Вардар. Со двата постигнати во саботата против Барса, средниот бек на црвено-црните стигна до бројката од 299 голови за Вардар во Лигата на Шампионите, па така му недостасува само уште еден за да ја надмине бројката од 300 погодоци.