среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Џон Тери поради семејството ја одби понудата на Спартак Москва

Џон Тери поради семејството ја одби понудата на Спартак Москва

Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери ја одби понудата на Спартак од Москва, а како причина за оваа одлука се наведува неговата желба повеќе време да минува со семејството.

Тери викендов ги помина медицинските прегледи и требаше да потпише едногодишен договор со рускиот клуб, но работата во последен момент се изјалови.

– Спартак е многу амбициозен клуб и импресиониран сум од нивниот професионализам. Но по разговорите со моето семејство, одлучивме дека тоa во моментов не е најдобар потег зa нас, истакна 37-годишниот фудбалер.

Летово на Тери му истече договорот со Астон Вила и како слободен играч можеше да премине во Спартак. (МИА)