среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го убедува Рабио да се пресели во Манчестер Сити

Гвардиола го убедува Рабио да се пресели во Манчестер Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има желба да го земе халфот Адриен Рабио од ПСЖ и да го привлече на „Етихад“, информира „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Договорот на Рабио со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а халфот одбива во оваа фаза да го обнови договорот.

Гвардиола веќе имал прва средба со 23-годишниот фудбалер во Париз, кој се одржа минатата недела.

Менаџерот на „граѓаните“, исто така, се сретнал и со мајката на играчот, која е и негов менаџер.

Пеп лично се ангажирал со задачата да го убеди Рабио да го претпочита неговиот, пред останатите предлози.

Самиот Рабио одбива да потпише нов договор со ПСЖ и може да премине на слободен трансфер во друг клуб следното лето.

Барселона и Јувентус покажуваат многу сериозен интерес за францускиот фудбалер. (МИА)