Вчера премиерот Зоран Заев и одредени медиуми се обидеа како историски момент да го презентираат говорот на премиерот Зоран Заев, кој зборуваше на македонски јазик во Европскиот парламент, пред празна сала и држеше говор каде ниту еднаш не го спомена името Македонија.
–Знаеме дека ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила досега. Знаеме дека тоа е шанса еднаш-засекогаш. Нема да ја пропуштиме. Ќе ја зграпчиме таа шанса, зашто тоа е наш билет за ЕУ и НАТО, изјави Заев.
Посебно во очите на јавноста покрај тоа што премиерот не го спомена името на државата, паднаа празните клупи пред кои зборуваше премиерот Заев, во јавноста многу велат дека неговото обраќање било бојкотирано од страна на ЕП.