понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев наместо за договор за промена на име, зборува за иднина која ќе дојде по 20 години

Заев наместо за договор за промена на име, зборува за иднина која ќе дојде по 20 години

Говор преполн со лаги во кои вешто ги избегнува горчливите теми и болната вистина. Премиерот Зоран Заев врши класична манипулација врз македонскиот народ.

Ги убедува граѓаните дека е добро да поддржат промена на уставното име на Република Македонија, а штетите од тоа не ги ни споменува. Тој на големо води кампања ЗА промена на името и задирање во идентитетот, претставувајќи дека води кампања за светла иднина. Премолчува дека таа иднина за која зборува, ќе дојде после најмалку две децении.

Не е прв пат, при обидот да добие политички поени, Заев да удри по најболните точки и најчувствителни теми. Така и овојпат, ги манипулира граѓаните спомнувајќи го здравството. Тема која за секого е најважна, но злоупотребена и поткрепена на невистини.

Заев во обид да ги збуни граѓаните дека во таа далечна иднина која ја ветува како нешто кое ќе се случи утре, ќе имаме бесплатно здравство.  Лидерот на СДСМ најгласно зборува дека бесплатно ќе се лекуваме, кога по долги години ЕУ ќе ги отвори вратите за нас. Вистината е дека здравството нема да е бесплатно, да беше така, Грците немаше да доаѓаат на лекување во македонски градови како Битола и Гевгелија.

За вакво “перење на мозок“, Заев црпна длабоко во џебот на граѓаните, односно од нивни пари плаќа нивна груба манипулација. Со државни пари, всушност со пари на народот, Заев дебело ги потплати медиумите блиски до неговата партија да во негов стил премолчуваат што навистина се случува и помпезно да креираат чисти заблуди кај граѓаните. Тие убедуваат дека не е важно што ќе си ја погазиме цела историја и ќе се самоизбришеме и свесно креираат слика дека е сосема во ред да излеземе и да си го смениме името на државата.

 

Најнови вести