Во полицијата вчера е пријавено дека Б.Х. (36) од Албанија починал откако на него паднало дрво во атарот на струшкото село Франгово.
Б.Х. во моментот на несреќата собирал дрва на местото викано „Гропа“ во атарот на Франгово. Од ударот тој се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде медицинска екипа направила обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот. Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.