петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хорор во БиХ: Ја распарчил својата мајка со секира, па јадел месо од нејзиното тело

Хорор во БиХ: Ја распарчил својата мајка со секира, па јадел месо од нејзиното тело

На 33 годишниот Сабахудин Велиќ му е одреден едномесечен притвор, поради обвинение дека ја убил и распарчил со секира својата 60 годишна мајка Насиха, потврдила Ирена Марјановиќ, портпарол на Обвинителството на Унско- санскиот кантон во БиХ.

Како што дознава босанскиот портал „аваз.ба“, на него поради штрајкот на адвокатите во овој кантон му е одреден бранител по службена должност, кој присуствувал на неговото сослушување, како и на рочиштето за определување на мерката притвор, кое е одржано вчера.

Велиќ после апсењето им признал на полицајците дека ја усмртил својата мајка, а и дека го јадел местото од нејзиното тело. Обвинителот исто така наредил да се направи тимско вештачење на обвинетиот, за да се утврди дали тој бил пресметлив во времето на сторувањето на злосторството.