Водителката и пејачка на „Гранд“ за српските медиуми проговори искрено за својот брак, за кој сите пишуваат дека е готов.
Ана Севиќ околу новогодишните празници во својот дом ја прими екипата од емисијата „Ексклузив“, во која искрено говореше за својот брак.
-Тој никогаш не е дома и чудно ми е кога е тука, призна Ана и додаде дека момчиња и се додворуваат преку социјалните мрежи, иако знаат дека е мажена.
-Постојат луѓе кои со години ми праќаат секакви пораки. Јас велам: „Бог да го благослови оној кој ја измислил опцијата блок“, изјави Севиќ и додаде дека не готви и дека и по неколку години брак и понатаму се хранат по ресторани.