Градските власти на Белград најавија дека од 2020 година ќе го забранат користењето на пластични ќеси.
– До крајот на неделава Градскиот совет ќе усвои одлука која ќе ја препратиме до Градското собрание. Се работи за забрана на користење пластични ќеси почнувајќи од 1 јануари 2020 година, изјави заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
Употребата на пластични ќеси во српскиот главен град веќе е намалена за 60 проценти, откако продавниците и супермаркетите беа натерани да ги наплаќаат, но градските власти сега планираат нивна целосна забрана.