четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган потпиша декрет за олеснување на условите за добивање турско државјанство

Ердоган потпиша декрет за олеснување на условите за добивање турско државјанство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет со кој значително се олеснуваат условите за странци добивање турско државјанство од странци.

Во документот, објавен во турскиот Службен весник се наведува дека претходните услови за државјанство се менуваат на иницијатива на неколку турски министерства. Отсега за странците ќе е доволно да имаат инвестиции со основен капитал во Турција во вредност од 500 илјади долари, наместо досегашните два милиони долари. Државјанството, исто така, може да се даде на странци кои инвестираат 250.000 долари во недвижен имот кој не треба да се продава за три години.

Министерството за труд, исто така, ги измени условите за добивање државјанство, и сега турско државјанство ќе може да добие странец во претпријатие во кое вработува минимум 50 Турци, а не како претходно, со најмалку100.

Олеснувањето на условите за добивање турско државјанство се врши во период во кој Турција обидува да ја нормализира економската ситуација во земјата, по силната девалвација на турската лира – за околу 40 проценти од почетокот на годината, забележува ТАСС.

Турските власти објавија дека немаат намера да бараат заем од ММФ, туку ќе се потпираат на странски директни инвестиции.