понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука кај островот Милош

Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука кај островот Милош

Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука во близина на пристаништето на грчкиот остров Милош во Егејското Море, но „засега нема информации за истекување на нафта”, соопшти локалната полиција.

– Испловувајќи од Лезбос, остров во североисточно Егејското Море, во насока на Милош, на југоисток, танкерот Фрес со грчко знаме се насука во водите пред пристаништето Адамас во Милош, при што нема повредени, ниту дошло до загадување, изјави претставничка на пристанишната полиција.

Во сопственост на грчка поморска компанија регистрирана во Пиреа, големо пристаниште во близина на Атина, Фрес има 16 членови на екипажот и сите се од грчка националност.

Сите се „живи и здрави“, изјави официјалното лице.