четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ова ќе биде забрането во Венеција, туристите нема да смеат да го прават

Ова ќе биде забрането во Венеција, туристите нема да смеат да го прават

Венеција, градот познат по своите канали, е туристичка Мека последниве години, а бројот на туристи далеку го надмина бројот на населението и предизвикува притисок врз ограничената инфраструктура во градот. Властите во Венеција сега размислуваат да им забранат на луѓето да седат и да лежат на земја како дел од острите мерки против невоспитаните туристи, пренесува „Гардијан“.

Предлогот е на градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, и ќе спроведе забрани со казни од 50 до 500 евра ако забраната се прекрши. Градскиот совет треба да гласа за предлогот во октомври. Властите, исто така, размислуваат да ја забранат музиката на чамци, кои се главно превозно средство за жителите бидејќи сообраќајот на моторни возила е забранет во Венеција.

Бруњаро го направи приоритет управувањето со туристичката индустрија уште од неговиот избор во 2015 година. Тој ги предводеше напорите со мерки кои се движат од парични казни за непослушните туристи до зголемено полициско присуство.

Фрлањето отпад, бесцелното талкање и оскудно облечените туристи веќе можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Во мај, официјални претставници на Венеција го забранија отворањето нови продавници за храна во следните три години во обид да го намалат бројот на туристи што јадат на скалите пред црквите и на историски мостови.

Минатата година градскиот совет на Венеција даде зелено светло за мерките предложени од Бруњаро, вклучувајќи го отворањето пунктови во прометните делови, зголемување на бројот на полицајци, нови мапи со алтернативни туристички рути и промовирање на помалку познатите знаменитости на Венеција.