петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанакиески во исто време на две рочишта

Јанакиески во исто време на две рочишта

Денеска во кривичен бранителите на  Миле Јанакиески трчаа од судница во судница бидејќи судот закажа три рочишта во ист ден и ист термин. Тие под притисок, во трчање од предметот “Општина Центар”, до “Топлик” и “27 април” треба “ефективно” да го бранат нивниот клиент Јанакиевски, кој исто така денеска имаше закажано две судења во разлика од 30 минути.

Како што тврдат од одбраната притисокот врз обвинетиот и неговата одбрана е поради барањето за поголема динамика на предметите од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева и според нив со ова се кршат основните права на обвинетите и на бранителите во постапките што ги води СЈО.

Додаваат дека ова е прекршување на правата на обвинетите и бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во овие предмети.

Од одбраната реагираат и дека се занемарени во целокупниот процес бидејќи обвинителот и судијата на албански јазик без превод ги договарале термините за нови рочишта.

 

 

Најнови вести