среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев: Ако знаат за што ќе гласаат на референдум граѓаните, ќе им биде непријатно (ВИДЕО)

Заев: Ако знаат за што ќе гласаат на референдум граѓаните, ќе им биде непријатно (ВИДЕО)

Власта сака да ги спроведе промените на уставот по рецептот на “Тиранската платформа”, односно граѓаните прво да ги изгласаат промените на слепо, а власта потоа да им каже за што гласале.

Според премиерот Заев граѓаните не треба да знаат што ќе содржат измените на уставот за да не се вознемируваат.

-Ако знаат за што ќе гласаат на референдум граѓаните, ќе им биде непријатно, а мора да бидат слободни при гласањето.

За Заев слобода значи неинформираност, граѓаните да не знаат за што гласаат!

Властите сакаат да го употребат истиот трик каков што употребија со тиранската платформа: постизборно/постреферендумски да презентираат што ќе менуваат! А притоа да се повикуваат на легитимитет од гласање на кое не била презентирана одлуката.

Тиранската платформа во изборната кампања беше „вмровска фикција“ и „во главата на Груевски“, но измените на устав не се познати ниту сега, па можно ли е во тие уставни измени да има измени и за законот за јазици како што најавуваат дел од албанските партии за кои е идеален момент за туркање и на идејата за федерализација.

Најнови вести